Еликсир како водечка компанија за убавина и нега во Македонија, секогаш се грижи да ги претстави иновациите во областа на парфемите, нега на кожа, шминка и нега на коса. Иновативни, прогресивни и лидери во својата дејност, нашата компанија е основана во 1993 година. Под водство на нашиот менаџерски тим, денеска Еликсир дистрибуира повеќе од 30 познати светски брендови и соработува со најпознатите светски компании во парфемската и козметичка индустрија. Ние дејствуваме во две главни дивизии – големопродажба и малопродажба.