Политика на приватност
Политиката на приватност се однесува на доверливоста на информациите содржани на веб страната www.elixir.mk и со користење на оваа веб страна се собираат и чуваат во базата на податоци на Еликсир Дооел како сопственик на веб страната www.elixir.mk во согласност со законот на РСМ со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Со пристапување или користење на оваа веб страна, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со политиката на приватност и начинот на употреба на веб страната www.elixir.mk . Во случај крајниот корисник да не се согласува со оваа Политика на приватност треба веднаш да престане со користење на веб страната www.elixir.mk . Оваа политика на приватност компанијата Еликсир Дооел може да ја измени во секое време преку објавување на нова политика на приватност во делот на веб страната наменет за Политика на приватност. Новата политика на приватност стапува на сила веднаш по нејзиното објавување на веб страната. Крајниот корисник е одговорен самостојно да ги следи промените на страната и да ги воочи промените во оваа Политика на приватност. Континуирано користење на веб страната www.elixir.mk значи дека крајниот корисник ги прифаќа условите во најновата верзија на Политиката на приватност објавена на веб страната. Веб страната не е наменет за корисници помлади од 18 години и тие не смеат да ја користат веб страната www.elixir.mk .
Во случај на користење на веб страната од страна на краен корисник помлади од 18 години што е против правилата на користење, компанијата Еликсир Дооел не сноси никаква одговорност за последиците од таа активност. Кога крајниот корисник ќе преземе некои активности на веб страната, како на пример отворање на нова лична корисничка сметка, нарачување на производ или услуга, пополнување на анкета или контакт форма ,објавување коментар или други активности , при испраќање на повратни информации компанијата Еликсир Дооел може да побара од крајниот корисник да обезбеди некои информации за себе како што се: име и презиме, точна адреса(улица,број,град,поштенски код),валидна емаил адреса, телефонски број, датум на раѓање, информации за вашата кредитна картичка, датум на важење, код за авторизација и други информации поврзани со крајниот корисник при што споделување на овие податоци е одлука само на лицето кое го креира новиот профил.
Ако крајниот корисник не ги обезбеди задолжителните информации за одредена активност кои се бараат, нема да добие дозвола да ја продолжи активноста. Компанијата Еликсир Дооел нема да ги сподели личните податоци на крајниот корисник, освен ако не е во целост пополнето барањето за лични податоци. Личните податоци компанијата Еликсир Дооел ќе ги користи за испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки, анализа на податоците, обработка на кредитна картичка и слично и ќе ги сподели вашите лични податоци како краен корисник со дистрибуција, сервис провајдери на производи,испорака на пакети,испраќање на пошта и слично.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при резервација ги издвојуваме:
- Име и презиме
- e-mail адреса
- телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
Еликсир Дооел го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.
Еликсир Дооел има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Халк банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Халк банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
Вие имате право во секое време да ја повлечете вашата согласност за користење на вашите лични податоци во иднина. Само испратете е-пошта на адресата info@eliksir.com.mk.
ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Личните податоци ги задржуваме само онолку што е потребно за да ви испорачаме нарачката или да одговориме на прашањата што сте ги побарале или за кои сме ја добиле вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон (на пр. во врска со тековен судски процес)
Со цел заштита на податоците компанијата Еликсир Дооел презема многу мерки на претпазливост за личните податоци, но за жал не постои пренос на податоци преку интернет или преку било која бежична мрежа која може да биде 100% сигурна. Поради тоа ние спроведуваме безбедносни мерки за заштита на податоците и не можеме да ја гарантираме безбедноста на било кои информации пренесени преку вебсајтот www.elixir.mk и компанијата Еликсир Дооел не е одговорна за било каква постапка од трета страна со таквите инфорации.
ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА
Еликсир Дооел Скопје ја цени вашата приватност. Со цел да разбереме како луѓето ја користат нашата веб страна и да ја подобриме, ние прибираме податоци за вашето користење на оваа страна. Оваа алатка ќе ви помогне да разберете какви информации се прибираат и ќе ви овозможи контрола на тоа како се прибираат и користат.
ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?
Колачиња претставуваат мали фајлови со податоци кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате веб страна. Колачињата се многу користени од страна на интернет провајдерите со цел нивните веб страни да функционираат или за да функционираат поефикасно, како и за да обезбедат информации за извештаи.
Колачињата поставени од страна на сопственикот на веб страната или провајдерот на услуги (во овој случај Еликсир Дооел ) се нарекуваат ‘колачиња на првата страна’. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб страната се нарекуваат ‘ колачиња на трети страни’. Колачињата на трети страни овозможуваат да се обезбедат можностите или функционалноста на трета страна на или преку веб страната или сервисот што го користите (како на пр. рекламирање, интерактивна содржина и аналитика). Третите страни кои ги поставуваат овие колачиња на трети страни може да го препознаат вашиот компјутер и кога ја посетува веб страната или сервисот и кога посетува одредени други страни и сервиси.
ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ?
Користиме колачиња на прва страна и колачиња на трета страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни заради технички причини, за нашите веб страни и услуги да можат да функционираат, и нив ги сметаме за ‘суштински’ или ‘неопходни’ колачиња. Други колачиња ни овозможуваат нам и на трети страни со кои соработуваме да ги следиме и таргетираме интересите на посетителите на нашите веб страни, а нив ги нарекуваме колачиња за ‘перформанси’ или ‘функционалност’. На пример, користиме колачиња за да ја прилагодиме содржината и информациите кои ви ги испракаме или презентираме и на тој начин го персонализираме вашето искуство додека сте во интеракција со нашите веб страни, и за да ја подобриме функционалноста на нашите услуги. Исто така, овозможуваме нашите корисници да употребуваат колачиња или слични технологии за следење во врска со нивното користење на услугите со цел да ни овозможат нам и на нашите корисници да ги следиме нивните претплатници. На крај, трети страни пласираат колачиња преку нашите веб страни и услуги за рекламни цели, аналитика и други цели. Повеќе детали за ова подолу.
ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ
ПОДАТОЦИ
Еликсир Ексклузив Скопје во својство на Контролор на лични податоци, врши собирање, чување и обработка на лични податоци на физички лица со кои стапуваат во деловен однос.
Запирање на обработка на личните податоци
Субјектот на лични податоци има право со поднесување на Барање за запирање на обработката на личните податоци, да побара запирање на обработката на неговите лични податоци кога личните податоци се обработуваат со цел:
- извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на Еликсир Ексклузив или на трето лице на кое му се откриени податоците или
- исполнување на легитимните интереси на Еликсир Ексклузив, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси
Доколку Барањето е основано, Еликсир Ексклузив е должен да ја запре понатамошната обработка на личните податоци.
Промена, дополнување или бришење на личните податоци
По поднесено Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на
личните податоци од страна на субјектот на лични податоци, Еликсир Ексклузив е должен да ги промени, дополни или избрише, односно да го сопре користењето на личните податоци.
Дополнување, измени, бришење или сопирање на користењето на личните податоци се прави и во случај кога Еликсир Ексклузив ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, односно доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби.
Барањето може да се испрати на меил: info@eliksir.mk или да се достави писмено барање во најблиската физичка локација на Еликсир Ексклузив. Барањето ќе биде проследено до Офицерот за заштита на личните податоци. Офицерот за заштита на личните податоци е должен да одговори и/или достави информација до субјектот на лични податоци, за секое уредно примено Барање во рок од 15 дена сметано од денот на прием на Барањето, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок. Доколку Еликсир Ексклузив еднаш одговорил и/или доставил информација за одредено Барање од страна на субјектот на лични податоци и не изминале 6 месеци од денот на доставувањето на претходното барање, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци.
КОНТАКТ СЕРВИС:
Адреса: Ул. Јадранска Магистрала бр.43, Визбегово, 1000, Скопје
e-mail: info@eliksir.com.mk
тел: 02/3086-074
Андриела Мирчевска
e-mail: a.kraljevska@eliksir.com.mk
тел: 02/3086-074